ЗОШТО НА ДЕЦАТА ИМ Е ПОТРЕБНА EQ
Клучни фактори за здрав социо-емоционален развој на едно дете се неговата самодоверба, само свесност за изборот кој го прави и ефектот од своите превземени однесувања.

Како што растат децата, целиот општествен систем вклучувајќи не нас родителите и наставниот кадар, од децата очекуваме да ги контролираат нивните движечки емоции. За да научат да владеат со своите емоции и да ги изразуваат конструктивно, во нивен најдобар интерес е потребно од најмали нозе да ги поддржиме да ја развијат емоционалната интелигенција. Исто така, децата треба да научат да комуницираат со своите емоции како што комуницираат со своите мисли. Да разберат како нивните емоции влијаат на другите и дека емоциите може да имаат огромен ефект во нивниот секојдневен живот.
Токму тука се јавува потребата од развивање на нивниот EQ коефициент, емоционална и социјална интелигенција, за да подобро ги разберат, сочувствуваат и се соочуваат со сите животните ситуации.
Клучни фактори за здрав социо-емоционален развој на едно дете се неговата самодоверба, само свесност за изборот кој го прави и ефектот од своите превземени однесувања.
Почнувајќи од најрана возраст, емоционалната интелигенција (EQ) ни помага најпрво да ги препознаеме а потоа да научиме да управуваме со сопствените и туѓите емоции. Ако детето научи како да ги препознае и разбере сопствените и туѓите емоции, ќе стекне нова перцепција за својата реалност, со зголемена свесност KAKO да ги отклучи своите потенцијали. Кога детето ќе ја зголеми својата свесност за можностите како успешно да управува со своите емоции и однесувања, ќе биде способно да креира здрави врски и позитивно ќе влијае со своите одлуки.
Луѓето со висока емоционална интелигенција често се лидери или пионери во нивната област на делување. Овие личности полесно управуваат со комплексни ситуации и успешно се справуваат со стрес и притисок. Решаваат конфликти и на време се справуваат со последиците од токсичните личности.
Емоционалната интелигенција (EQ) не е луксуз кој може да ве ослободи во тешки Времиња. Тaa е основна алатка која, ако ја развиете со финеси, ќе биде клучна за вашиот личен и професионален успех. Harvard Business Review.
Со емоционална интелигенција луѓето и во тешки ситуации манифестираат оптимизам, дури и кога другите ги обесхрабруваат тие сами се мотивираат и веруваат дека успешно ќе ја постигнат својата цел. Креираат доверливи и позитивни комуникации а како резултат на довербата – постигнуваат успех и чувствуваат задоволство. Со EQ разбираме како емоциите моќно влијаат на нас луѓето и како под влијание на емоциите манифестираме специфични резултати и однесувања. Ако научиме како да ги разбереме и владееме емоциите, ние сме на вистинскиот пат да го реализираме нашиот целосен потенцијал.